четврток, 26 декември 2024
Избори 2024

Раководството на СДСМ го поддржа Пендаровски за втор претседателски мандат, се чека одлука на партиските тела

Раководството на СДСМ попладнево донело одлука да поддржи втор претседателски мандат на Стево Пендаровски, објави МИА.

Објавено на

часот

Сподели

Партиски извори информирале дека попладнево на состанок на раководството на СДСМ е одлучено Стево Пендаровски да биде поддржан за кандидат за претседател на државата. Оваа одлука деновиве ќе се најде пред членовите на Извршниот и Централниот одбор на партијата. Наредните денови се веќе планирани средби со коалициските партнери, а на 3 март ќе биде и официјалната промотивна конвенција.

„Пендаровски е победнички кандидат, со најголем коалиционен капацитет, кој заедно со СДСМ и со партиите од прогресивниот, демократски блок, силно ја споделува визија за европска иднина на државата. Тој во досегашниот мандат го врати интегритерот и кредибилитетот на институцијата Претседател и покажа што значи да се биде претседател за сите граѓани“, пренесува МИА партиски извори од СДСМ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ