Денеска вработените во секретаријатот и во стручните единици на МАНУ стапија во штрајк.
„Во континуитет, органите на управата, повеќе години наназад, барале од државата системско решение за овој горлив проблем, па така и новото раководство, во текот на последните шест месеци, во два наврата, има поднесено иницијативи до Собранието за донесување законско системско решение за усогласување на платите со оние во УКИМ и во другите државни универзитети и научни институции, со цел конечно да се прекине дискриминацијата на вработените во МАНУ во однос на нивните ниски лични доходи.
Во меѓувреме, претседателството на МАНУ, исто така, донесе одлука за изработка на колективен договор, со коишто МАНУ, функционирајќи како буџетски корисник од прва линија, во своето 60-годишно постоење не располагала.
Затоа се апелира до членовите на синдикатот да бидат трпеливи и да причекаат почнатите иницијативи (чие натамошно постапување не е во надлежност на МАНУ, туку на законодавниот дом) да вродат со плод, односно да се изнајде начин за нивелирање на платите во соработка со Владата и со Собранието на државата.
Синдикатот, исто така, се замолува штрајкот да се одвива во согласност со постојната законска регулатива“, соопшти МАНУ.