петок, 18 октомври 2024

Ракометните младинци и кадети ги дознаа противниците за ЕП

Македонските ракометни селекции до 20 и до 18 години денеска ги дознаа противниците за престојните Европски првенства.

Објавено на

часот

Сподели

Македонската ракометна репрезентација до 20 години е во група заедно со Хрватска, Црна Гора и Австрија.

Европското првенство за ракометари до 20 години се игра од 10. до 21. јули 2024 во Целје, Словенија.

Нашата селекција до 18 години е дел од групата Б заедно со репрезентациите на Германија, Франција и Полска.

Европското првенство за ракометари до 18 години ќе се одржи од 7. до 18. август 2024 година во Подгорица, Црна Гора.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ