петок, 18 октомври 2024

Ракометарите од денеска ја почнуваат мисијата „Германија“

Ракометарите на македонската репрезентација се префрлија во Берлин, вчера беше ден за патување и одмор, а од денеска почнуваат подготовките следниот предизвик, натпреварот против домаќинот Германија.

Објавено на

часот

Сподели

По настапот во Диселдорф каде со историскиот меч против Франција го отворивме Европското првенство, македонските ракометари од вчера се преселија во Берлин каде ќе ги одиграат преостанатите две кола од групната фаза.

Во Германија деновиве има штрајк на возовите, но се направи отстапка за нашата репрезентација која јавно му се заблагодари на „Дојче Бан“ за овозможениот превоз.

Вчерашниот ден беше за патување, одмор и видео анализа, а од денеска почнуваат тренинзите за мечот со Германија кој се игра во недела со почеток од 20:30 часот. Последниот натпревар го играме во вторник против селекцијата на Швајцарија.

Од Берлин за МКД.мк
Ристе Ѓорѓиевски

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ