сабота, 21 декември 2024

Ракетирана зградата каде е сместена македонската амбасада во Киев

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија најостро ги осудува денешните ракетни напади на руската армија врз Киев.

Објавено на

часот

Сподели

Воедно, министерството денеска информира дека при нападот е погодена и критичната инфраструктура во Голосеевскиот реон, вклучително и зградата каде што се сместени шест амбасади, меѓу кои и амбасадата на  Македонија во Киев.

„При нападот нема повредени меѓу дипломатскиот персонал, но е причинета материјална штета на амбасадата. Од страна на надлежните служби извршен е првичен преглед на штетите на лице место и веќе се работи на нивно санирање“, се наведува во соопштението од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ