сабота, 27 јули 2024

Ракетирана американска воена база во Ирак, неколкумина повредени

Повикувајќи се на неименуван американски функционер, Ројтерс јавува дека неколку члена на американскиот персонал се повредени по ракетниот напад врз воздухопловната база во Ирак.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Американците добиле полесни повреди, а припадник на ирачките безбедносни сили бил ранет во нападот врз ирачката воздухопловна база Аин ал Асад во саботата, рекол вчера американски официјален претставник што сакал да остане анонимен.

Централната команда на американската војска во соопштение рече дека базата била погодена од повеќе балистички ракети и проектили истрелани од милитанти поддржани од Иран од внатрешноста на Ирак. Во соопштението не е потврден степенот на какви било повреди во САД, но се вели дека персоналот се прегледува за трауматска повреда на мозокот.

Централната команда рече дека повеќето од проектилите биле пресретнати иако некои ја погодиле базата.

„Процената на штетите е во тек“, соопшти Централната команда, додавајќи дека нападот се случил во 18.30 часот во Ирак.

АФП, исто така, објави дека најмалку десетина проектили биле истрелани кон воздухопловната база ал-Асад во западен Ирак, цитирајќи неименуван официјален претставник, кој рекол дека штетата сè уште се проценува, но дека припадник на ирачките безбедносни сили се чини дека е сериозно ранет.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ