Како што пренесува Ројтерс, нападот го потврдиле безбедносни извори и се случува во момент на засилени тензии во регионот во очекување на одмазднички напад на Иран на Израел, поради ликвидацијата на Исмаил Ханија, лидерот на Хамас, кој беше убиен неодамна во Техеран.
Засега не е познато дали во нападот на американските војници во Ирак имало жртви и колава е причинетата материјална штета. Неименуван извор кажал дека ракетите паднале во базата.
Целиот Блиски Исток стравува ескалација на конфликтот кој почна во октомври минатата година откако Израел го окупираше Појасот Газа, водејќи војна која сè уште е во тек и во која се убиени повеќе десетици цивили.
The Ain al-Asad air base in Iraq, which houses United States Military was attacked by rockets.
Sources did not confirm if the attack caused any deaths or injuries, though one security source said that the rockets fell inside the base. pic.twitter.com/iur2CYIol8
— Ms. M (@MSMCali) August 5, 2024