Стартапот Спејс уан требаше да стане првата приватна јапонска компанија која испрати свој сателит во орбитата. Но, ракетата експлодирала неколку секунди по полетувањето во 11:01 часот (02:01 ГМТ) во вторникот, оставајќи зад себе огромен облак чад и оган, делови од ракетата паднале во близина на лансирната рампа, што се гледа од преносот во живо на локалните медиуми.
Запалените остатоци од ракетата паднале на околните планински падини.
Japan’s Space One Kairos rocket has exploded shortly after its launch on its inaugural trip in the west of the country.
The firm tried to become the first Japanese company to put a satellite in orbit.https://t.co/Qg2pUgpnNS pic.twitter.com/7th69xRKaU
— Sky News (@SkyNews) March 13, 2024
Компанијата објави дека летот бил прекинат по лансирањето од полуостровот Кии во префектурата Вакајама и дека околностите се истражуваат. Засега не е познато што ја предизвикало експлозијата.
„Нема повредени во близина на лансирната рампа и пожарот е изгаснат“, изјави за новинарите Шухеи Кишимото, гувернер на локалната влада на Вакајама.
Спејс уан објави дека лансирањето било високо автоматизирано и барало околу десетина членови на персонал во контролниот центар.
Japan’s Space One Kairos rocket explodes on inaugural flight resulted in premature Satellite ejaculation :p. Best wishes for next attempts. pic.twitter.com/YiPLSuYnXi
— !zhar (@EngrIUH) March 13, 2024
Каирос носел експериментален владин сателит кој може привремено да ги замени разузнавачките сателити доколку се расипат и требало да влезе во орбитата приближно 51 минута по лансирањето. Според прелиминарните извештаи, сателитот бил уништен во експлозијата.
Спејс уан првично го планирал лансирањето во саботата, но го одложи. Иако Јапонија е релативно мал играч во вселенската трка, националните производители се обидуваат да изградат поевтини ракети за да ја задоволат зголемената побарувачка од својата влада и глобалните клиенти за лансирање сателити.
Спејс уан со седиште во Токио е основана во 2018 година од конзорциум на јапонски компании: Канон електроникс, одделот за вселенско инженерство на ИХИ, градежната компанија Шимицу и Јапонска развојна банка поддржана од државата. Двете најголеми јапонски банки, Мицубиши УФЈ и Мизухо, исто така имаат малцински удели.
Компанијата се обидува да ги комерцијализира вселенските услуги со намалување на трошоците и со понуда на чести лансирања на ракети. Спејс уан сака да понуди „вселенски курирски услуги“ на домашни и меѓународни клиенти, а целта на компанијата е да испраќа 30 ракети годишно во вселената до крајот на 2020-тите.
Компанијата има за цел лансирања во кратки рокови, помалку од една година по потпишувањето договори со клиенти. Плановите за лансирање на првата ракета, кои првично требало да се реализираат најдоцна до крајот на март 2022 година, четири пати биле одложувани поради пандемијата и логистички тешкотии.
Јапонското Министерство за одбрана во петокот објави дека постигнало договор со Спејс уан за зголемување на носивоста на ракетата со експериментирање со штедливи мотори на метан.