недела, 20 октомври 2024

Рајо Ваљекано сака да го врати Димитриевски

Кратко откако потпиша за Валенсија, Столе Димитриевски би можел да се врати во Рајо Ваљекано.

Објавено на

часот

Сподели

Шпанските медиуми пишуваат дека Рајо сака да го врати Димитриевски на позајмица. Оваа идеја е потикната од ситуацијата со грузискиот голман Мамардашвили.

Ако Мамардашвили остане во Валенсија, тој ќе биде прв голман, а Димитриевски би бил резерва.

Таа позиција не е прифатлива за македонскиот голман, па затоа во неговиот договор има клаузула дека може да замине за три милиони евра ако Мамардашвили остане во клубот.

Како и да е за Рајо операцијата сигурно нема да биде лесна, но би можеле да се обидат. Димитриевски на голот на овој тим во минатата сезона беше еден од најдобрите голмани во Ла Лига.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ