Димитриевски продолжува да се поврзува со трансфер во Севиља откако Боно си замина од овој клуб.
Во меѓувреме Севиља го донесе Орјан Ниланд, тој и Марко Дмитровиќ ја делат минутажата на голот на тимот од Андалузија, но наводно тие уште го посакуваат нашиот Димитриевски.
Македонецот важи за еден од најдобрите голмани во Ла Лига и фактот што е слободен на лето го прави атрактивен за Севиља, но и за други клубови.
Поради ситуацијата на Димитриевски, Рајо Ваљекано веќе почнал да го бара неговиот наследник.