сабота, 27 јули 2024

Рајо на нашиот Столе алармира: Имало местенка на натпреварот Севиља-Кадиз

Медиумите од Шпанија пренесуваат дека Рајо Ваљекано испратил допис до Ла Лига и информирал за можна местенка на натпреварот помеѓу Севиља и Кадиз.

Објавено на

часот

Сподели

Во средата, Кадиз со гол во 96. минута стигна до триумф од 0-1 на гостувањето кај Севиља и си ги задржа шансите за опстанок.

Победата им боде во очи на ривалите, и последните информации велат дека Рајо испратил допис до Ла Лига и информирал за можна местенка.

Клубот на нашиот Столе Димитриевски, на 48 часа пред натпреварот бил алармиран од фудбалски агент дека се подготвува нешто.

Ла Лига ќе има полни раце работа, особено и поради контроверзната изјава на Серхио Рамос по крајот на натпреварот.

„Точно е дека некои играчи на Кадиз бараа да олабавиме малку во финишот, но мислам дека тоа е нормално со оглед на тоа каков е нивниот влог“ – рече дефанзивецот.

„Се работи за тим од соседството, некој може да ги сака повеќе, некој помалку. Јас можам да признам дека клубовите од Андалузија ми се подраги од дргугите“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ