недела, 20 октомври 2024

„Рагуза груп“ го прослави својот тридецениски јубилеј 

Објавено на

часот

Сподели

По овој повод, на 19 април „Рагуза груп“ го прослави своето тридецениско постоење. 

Втората генерација на сопственици на „Рагуза груп“, Перица и Гоце Голомеиќ, на присутните гости  им ја раскажаа приказната како нивниот покоен татко, Мирко, го започнал овој сопствен угостителски бизнис со многу желба, посветеност и љубов. Татко им Мирко со нивната мајка Цвета со многу страст и ентузијазам зачекориле во овој бизнис за да создадат топол и пријатен простор, каде луѓето ќе уживаат и создаваат трајни спомени на кои ќе се навраќаат. 

Од првиот угостителски објект отворен во 1993 година од таткото Мирко, Мирко 919, ребрендиран во Рагуза 919, денес под „Рагуза груп“ припаѓаат Киндер парк, Ресторан парк, Рагуза 360. Ова е доказ како со верба во себе и во своето семејство може да се оформи и да опстои еден семеен бизнис.    

„Сѐ започна далечната 93 година со Мирко 919, за денес ние овде со кренати чаши и насмеани лица да го прославиме успехот кој мојот татко го започнал пред три децении и на кој ние неизмерно се гордееме и го продолжуваме! Од еден скромен сон и семеен муабет меѓу дедо ми  Петар и татко ми Мирко, приказната за сопствен угостителски бизнис денес зборува за просперитет изграден со многу напорна работа, верба, посветеност и многу љубов“, изјави Перица Голомеиќ, сопственик на Рагуза груп. 

„Додека зборуваме за успехот и предизвиците низ сите овие години, морам да се заблагодарам на извонредниот тим на вработени и соработници кои беа составен дел од растот на Рагуза. Секој од вас покажа лојалност и вештина, задржувајќи ги вредностите што ги постави нашиот татко. Вашата посветена работа, труд и мотив ја трансформираа Рагуза од локална установа до реномирана дестинација“, изјави Гоце Голомеиќ, сопственик на „Рагуза груп“. 

За значаен придонес, лојалност и успешна работа, на прославата Перица и Гоце Голомеиќ, доделија статуетки на вработените во „Рагуза груп“ кои се кормилото за успешност и долгогодишна традиција. На оваа свечена манифестација, нивната мајка Цвета, ја доби наградата за животно дело „Рагуза груп“ и се заблагодари на нејзините синови и на успешната визија која ја  продолжуваат.  

Сопствениците на „Рагуза груп“ на овој јубилеј го најавија проширување на семејниот бизнис во една друга индустрија, односно нивните два нови проекти во градежништвото „Рагуза хоум“ и „Мамут“.  

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ