сабота, 25 мај 2024

Рафис Алити демантира: Нема вистина во веста за купување земјиште во Тетово

Поранешниот пратеник и актуелен потпретседател на ДУИ, Рафис Алити, од воената 2001 година познат и како командант Мсуси, го демантира написот на порталот на албански јазик Журнал.мк во кој се тврди дека во Тетово купил имот вреден 1,2 милиони евра.

Објавено на

часот

Сподели

„Во врска со веста на порталот Журнал со наслов: Функционерот на ДУИ Рафиз Алити купил парцели за 1,2 милиони евра во срцето на Тетово, јас, Рафис Алити ги демантирам ниските клевети направени кон мене во пресрет на изборната кампања. со цел да се дискредитира моето име и моето семејство.

Текстот објавен на порталот е неоснован, бидејќи јас, Рафис Алити никогаш не сум бил договорна страна во купопродажбата на недвижен имот во Тетово ниту пак има вистина изнесеното тврдење за вредноста истакната во објавената вест.

Тоа што е уште поневистинито е дека откако сум станал сопственик на земјиштето, со договор за подарок сум му го префрлил на син ми.

Ако имало такво нешто, тогаш ќе морало да има купопродажен договор, банкарска трансакција и договор за подарок, што јас никогаш не сум го направил и за истото ве охрабрувам да го истражите.

Поради невистините, ви предлагам да ја повлечете оваа вест или ќе бидам принуден да се обратам до надлежните органи на правдата“, се вели во демантот на Алити до порталот Журнал.мк.

Од Журнал.мк одговорија дека го објавуваат демантот но нагласија дека поседуваат документи за, како што велат, направената трансакција.

МКД.мк ја пренесе веста на Журнал.мк и го пренесува и демантот на Рафис Алити до тој портал.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ