Педесет и седумгодишниот радовишанец, револтиран што снаата се вратила во домот на родителите, зел нож в рака и отишол кај сватовите да бара да му ги вратат парите.
Ситуацијата кулминирала кога бесниот свекор се размавтал со ножот и ја расекол несудената снаа по дланката.
За среќа, нејзините роднини успеале да го совладаат и да му го одземат ножот. Но при туркањето 57-годишникот паднал по скали и се повредил.
Полицијата набргу бил известена за инцидентот, по што ситуацијата се смирила. Против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од полицијата.