Караџиќ, кој се наоѓа во затворот Олбани на островот Вајт, бара 50.000 фунти поради „кршење на човековите права“, а тврди дека му е забрането да комуницира на мајчиниот српски јазик.
Тој минатата недела се појави на суд преку видео-врска за да ја тужи државната секретарка за правосудство Шабана Махмуд. Неговата ќерка Соња Караџиќ Јовичевиќ неодамна за медиумите изјави дека го држат во „нездрави и нецивилизирани услови“.
Таа за новинската агенција СРНА изјави: „Што се однесува до физичката состојба во која се наоѓа, таа е неприфатлива. Ако на тоа додадеме дека се наоѓа во зграда полна со канцероген азбест кој е забранет во целиот свет, јасно е во каква состојба ќе биде“.
Радован Караџиќ на 20 март 2019 правосилно беше осуден на доживотна казна затвор за геноцид и други злосторства извршени во Босна и Херцеговина меѓу 1992 и 1995 година. Пред три години беше префрлен од Холандија во Британија на издржување на казната.