петок, 26 јули 2024

„Радикално навивање“ вечерва во МКЦ

Во Младинскиот културен центар (МКЦ) вечерва ќе се одржи втората претстава во рамки на Перформанс платформа фестивал, насловена „Радикално навивање“, во режија на Зуфит Сајмон.

Објавено на

часот

Сподели

„Телесниот отпор и кореографските протести во јавните простори станаа ефективни и моќни средства за мирни демонстрации во капиталистичките демократии. Развиени од страна на квир феминистичките активисти во 1990-тите, т.н. радикално навивање комбинира ненасилни, директни акции со театарски елементи. Навивањето е добро познато во форма на организирани навивачки групи на спортски натпревари. Креаторите на оваа изведба ги користат и субвертираат кодовите на навивањето да ги пренесат своите пораки. Гламурот, сјајот и миксот од различни слогани се компоненти на оваа радосна, сатирично – алтернативна форма на милитантните форми на протест“, велат организаторите.

Како што посочуваат, со жестокост, прецизност и хумор, на хетерогениот ансамбл предводен од страна на кореографот Зуфит Сајмон (Zufit Simon), кој исто така се појавува на сцената, го поставува прашање за што е вредно да се излезе на улица.

Претставата е наменета за публика над 16 години.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ