сабота, 27 јули 2024

Радев во потрага по Бугари и на Косово

Бугарскиот претседател Румен Радев деновиве престојуваше и на Косово каде имал средба со неговата колешка Вјоса Османи со која, како што јавија бугарските медиуми, разговарал и за бугарската заедница во Косово. Тој потсети дека во јануари била поднесена петиција до косовскиот парламент со барање Бугарите да бидат признати како независна заедница.

Објавено на

часот

Сподели

Османи ветила дека претстојниот попис на населението во Косово ќе биде транспарентен и објективен и дека бугарската заедница во Косово ќе биде признаена како национално малцинство, со можност слободно да го изучува својот мајчин јазик, да го изразува слободно својот идентитет и да ги чува и развива своите културни традиции.

Сето тоа што го правите за развивањето на нашето малцинство тука на  Косово, заштитата на правата на нашите сонародници е приоритет за бугарската држава и мој личен приоритет како претседател на Бугарија. Ние продолжуваме со поддршката за вашата дејност тука, која што е исклучително важна. И можам да ви кажам дека Бугарија како член на НАТО и ЕУ, ќе продолжи да го реализира својот основен приоритет, изјавил Радев вчера од Косово.

Високи бугарски политичари се активни во регионот и секаде каде што одат промовираат отворање на бугарски клубови (во Македонија), пропагираат меѓу Македонците во Албанија да се изјаснуваат како Бугари, бараат Бугари на Косово…

Новинари на албанската ТВ станица Топ ченел деновиве објавија дека само со илјада евра лесно се доаѓа до бугарски пасош.

За притисоците кон македонско малцинство говореше и претседателот на партијата Македонска алијанса за европска интеграција, Васил Стерјовски, кој порача дека Македонците кои живеат во Пустец, Врбник, Голо Брдо, во последниве години се изложени на агресиивна кампања за асимилација од бугарска страна.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ