Радев изрази очекување дека по завршувањето на изборната кампања и изборите во Македонија политичката ситуација ќе овозможи „целосно спроведување на европската одлука од јули 2022 година, што е неизбежен елемент на патот кон Скопје кон ЕУ.
„Изјавите на водечките политички личности во Реублика Северна Македонјиа, дадени за време на кампањата од провокативен карактер, не помагаат да се зајакне дијалогот меѓу нашите две земји“, рече шефот на бугарската држава.
Румен Радев додаде дека добрососедството е главен аспект во процесот на проширување и ја истакна подготвеноста на Бугарија, без оглед на негативните пораки од Скопје, да ги обнови напорите за конструктивна билатерална соработка.
Радев и комесарот Вархеји разговараа и за разгледаните опции за идни реформи на ЕУ, вклучително и промени во механизмите за одлучување во Советот на ЕУ. Шефот на бугарската држава изјавил дека на темата за проширувањето – Бугарија категорично го поддржува зачувувањето на принципот на едногласност, се наведува и во соопштението.