вторник, 22 октомври 2024

Радев на Сиљановска ѝ го честиташе Илинденско-Преображенското востание

Саможртвата на хероите од Илинденско-Преображенското востание ја носи меморијата низ времето, која засекогаш ќе ги поврзува Бугарија и Република Северна Македонија и нивните граѓани. Како наследници на нашите предци, имаме одговорност и историска должност да ги следиме и зачуваме достоинствените завети од нашето минато во името на нашата заедничка европска иднина, се вели во честитката на претседателот на Бугарија Румен Радев испратена до претседателката на Македонија Гордана Сиљановска-Давкова и до македонските граѓани по повод празникот на земјата Илинден – Денот на Републиката.

Објавено на

часот

Сподели

Бугарскиот претседател истакнува дека 2 Август останува славен датум за нашата заедничка историја, заедно со настаните поврзани со Илинденско-Преображенското востание, кои се повод за гордост и почит кон храброста и посветеноста на нашите предци во името на нивните стремежи кон слобода, еднаквост и правда. „Високите идеали на востанието денес стојат во основата на вредностите на обединета Европа“, забележува Румен Радев.

Тој вели дека „нашата заедничка европска иднина бара потребна волја и искрен пристап во спроведувањето на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка од 2017 година и реализирање на сите преземени обврски. Република Бугарија останува решена да работи за изградба на добрососедски односи со Република Северна Македонија и да ја дава потребната поддршка за исполнување на договорените критериуми за членство во ЕУ“, истакнува претседателот во честитката.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ