петок, 26 јули 2024
Реакција на бугарскиот претседател

Радев: Ќе се дознае дали Сиљановска и ВМРО-ДПМНЕ ќе работат за европска перспектива

Многу брзо ќе биде јасно дали новиот претседател и партијата што победи на овие избори со одлучувачко водство конечно ќе работи за европската перспектива на Република Северна Македонија или ќе заземе друг правец, изјави претседателот на Бугарија, Румен Радев во првата реакција по објавените резултати од двојните избори во Македонија.

Објавено на

часот

Сподели

„Мојот став во однос на Република Северна Македонија секогаш бил отворен и конзистентен. Како што беше со претседателите Георге Иванов и Стево Пендаровски, така ќе биде и со госпоѓата Силјановска. Како што беше со СДСМ, така ќе биде и со ВМРО-ДПМНЕ“, рече Радев, јави бугарската агенција БГНЕС.

„Отсекогаш сум ја поддржувал европската интеграција на Република Северна Македонија, но со почитување на принципите на добрососедство и пред се врз  Копенхашките критериуми за членство, што би значело промена на Уставот и почитување на правата на македонските Бугари, отфрлање. на јазикот на омразата што дивееше во оваа изборна кампања, ревизија на учебниците, почитување и заштита на бугарското културно и историско наследство во оваа земја“, истакна Радев.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ