сабота, 27 јули 2024

Радев им врачи бугарско државјанство на поранешните претседател и секретар на клубот Ванчо Михајлов, Георгиевски и Шаторов

Објавено на

часот

Сподели

Радев ги потпишал указите за добивање бугарско државјанство „врз основа на нивното бугарско потекло“, пишува БТА.

Потпретседателката на Бугарија Илијана Јотова пак му врачи бугарски лични документи на Христијан Пендиков од здружението „Цар Борис трети“ од Охрид во почетокот на мај годинава.

Обвинителството во Битола покрена обвинение за ширење омраза и ксенофобија против Георгиевски во почетокот на мај 2023 година.

Здружението „Цар Борис Трети“ во Охрид и културниот центар „Иван Михајлов“ во Битола беа затворени од Централниот регистар на Македонија по одлуката на Министерството за правда и добиениот негативен став од Комисијата за употреба на имињата на историски и други познати личности.

Оваа одлука беше како резултат на промената на Законот за здруженија и фондации, изгласан едногласно во Парламентот на Македонија, којшто забрани формирање организации, кои своите имиња, програма, цели и поттикнуваат кон агресија, разгорување на национална, расна, религиозна омраза или друга нетрпеливост, геноцид, истребување, ширење и помагање и одобрување на фашизам, нацизам, националсоцијализам и Третиот рајх. 

                                                                                                                                                            Фото: БТА

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ