сабота, 1 март 2025

Радев и Сиљановска на телефон разговарале за неопходноста од конструктивен дијалог

Претседателот на Бугарија, Румен Радев и претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова вчера имале телефонски разговор. Како што информира кабинетот на Радев, двајцата соговорници разговарале за важноста од контруктивен дијалог на највисоко ниво меѓу двете земји.

Објавено на

часот

Сподели

„Овој дијалог е од особена важност и за изградба на цврста основа за развој на билатералните односи и за решавање на регионалните и глобалните предизвици поврзани со обезбедувањето на безбедноста, борбата против тероризмот и справувањето со нелегалната миграција“, се наведува во информацијата од Кабинетот на бугарскиот претседател Радев.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ