сабота, 27 јули 2024

Радев го предупреди Петков дека за Македонија има национален консензус во Бугарија

Објавено на

часот

Сподели

„Колку повеќе владата се придржува до официјалниот бугарски став изразен во документите усвоени од Националното собрание и последниот Консултативен совет за национална сигурност, колку повеќе ги слуша Бугарите во нашата земја и во Република Северна Македонија, колку поодговорно се однесуваме како  членка на Европската унија и  се придржуваме до вредностите на Унијата, толку полесно ќе ни биде во политиката и одлучувањето за PCM.

КСНС е тело за олеснување на дијалогот и барање заедничко решение за важни национални цели”, изјави Радев. 

Тој пред новинарите го коментираше барањето на премиерот Кирил Петков да го свика Консултативниот совет за да расправа за Македонија. Претседателот праша дали има промена во позициите на европските партнери по ова прашање и дали има напредок од страна на РС Македонија во спроведувањето на договорот, но не кажа директно дали ќе одговори на барањето на Петков за свикување на ова тело.

„За овие прашања треба да го слушнам премиерот“, рече Радев и уверуваше дека ќе продолжи да се занимава со историјата и културата и  дека ќе работи за правата на Бугарите во Македонија.

„Нашите браќа во РС Македонија да добијат гаранции за одржлив и неповратен процес на интеграција. Побргу да се ослободиме од идеолошките окови на тоталитарното југословенско минато и конечно тамошните политичари да ги отворат перспективите за долгоочекуваната европска иднина“, додаде Радев.

Според него, на Бугарија и треба стабилност, транспарентност и принципиелно владеење. 

„Не може да се преговара ниту за интеграција на Република Северна Македонија, ниту за воздушниот суверенитет на Бугарија. За човековите права нема пазарење“, рече тој. 

 
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ