Анадолија објави дека полицијата извршила симултани рации на 57 локации во осум провинции како дел од истрагата што ја започна антитерористичка канцеларија на истанбулското обвинителство.
Без да се наведат извори, се известува дека постои сомневање дека осомничените шпионирале странски државјани во Турција за целите на израелската тајна служба и имале намера да ги идентификуваат, следат, нападнат и киднапираат како дел од операциите за „меѓународна шпионажа“.
İşte Erdoğan’ın sözleri sonrası düğmeye basılan ‘Mossad’ operasyonu…
33 gözaltı, 13 ajan aranıyor
— Odatv (@odatv) January 2, 2024
Полицијата трага по уште 13 лица кои се обвинети за истите кривични дела, додава Анадолија. Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган традиционално го поддржува палестинското прашање.