сабота, 27 јули 2024

Рации низ Германија: се богателе на државна помош за време на пандемијата

Објавено на

часот

Сподели

Рации имало во неколку германски компании, а најмногу во Долна Саксонија, кажа Марко Елерман, портпарол на полицијата во Оснабрик.

Освен фирми и станови, полицајците и обвинителите претресле и една приватна спортска сала во Висмор. Во неа било седиштето на консултантската куќа чиј шеф е во центарот на истрагата, како што пренесуваат Шпигл и други германски медиуми.

Полицијата не соопшти податоци за петмината осомничени, а никој не е уапсен. Меѓутоа, се сомнева дека станува збор за криминална мрежа, кажа Елерман.

Осомничените наводно за себе и компаниите „со намерно лажирани податоци“ за пандемиска помош присвоиле околу 26 милиони евра.

„Многу луѓе и фирми зависеа од програмите за државна помош во времето на пандемијата. Затоа е особено одвратно тоа што поединци тие програми сакале да ги искористат за незаконско богатење“, кажа министерот за внатрешни работи на Долна Саксонија Борис Писториус.

Полицијата претресла и простории на жена од Аурих против која веќе се води постапка за измама при наплата. Таа, како што се наведува, како раководител на неколку центри за тестови за коронавирусот на здружение на лекари му наплаќала за тестови кои не постоеле. Штетата е поголема од милион евра.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ