недела, 19 мај 2024

Рација во Германија: уапсени 10 лица поврзани со група шверцери на луѓе од Кина

Германската полиција денеска за време на рации во западот и југот на земјата уапси десет лица осомничени дека се поврзани со меѓународна група шверцери на луѓе од Кина, јавува агенцијата Дпа.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Уапсените се осомничени дека ги искористиле специјалните германски правила за имиграција на квалификувани странски работници за да добијат дозволи за престој за околу 350 претежно кинески државјани во замена за стотици илјади евра.

Според дневниот весник Билд, неколку вработени во канцелариите за имиграција примиле мито.

Рациите биле извршени во сојузните германски покраини Северна Рајна-Вестфалија, Шлезвиг-Холштајн, Хесен, Рајна-Пфалц, Баден-Виртемберг и Баварија, како и во градовите Берлин и Хамбург.

Истрагата се фокусирала на Северна Рајна-Вестфалија, каде што биле уапсени сите 10 осомничени. Меѓу нив имало и двајца адвокати, јави Дпа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ