Бастрикин студирал со рускиот претседател Владимир Путин и важи за близок соработник на шефот на Кремљ. Примарната задача на регрутираните е да копаат ровови и да градат одбранбени позиции, според Бастрикин. „За тоа ви требаат навистина силни раце“, рече тој.
Безбедносните сили во последниве месеци извршија рации во бизниси со работници мигранти, главно од постсоветските земји во Централна Азија.
Оние кои веќе добиле руски пасоши често се регрутираат насилно, објавија руските медиуми. На други им се ветува поедноставен процес за добивање државјанство доколку одат на бојното поле.
Според Путин, во моментов во Украина се наоѓаат вкупно 700.000 руски војници. Некои од нив беа регрутирани за време на делумната мобилизација во есента 2022 година. Бидејќи мерката не беше популарна, Кремљ сака да избегне понатамошни бранови на мобилизација и да најде други начини да ги надомести големите загуби на бојното поле.