сабота, 27 јули 2024

Работните групи на ВМРО-ДПМНЕ и на Вреди денеска на состанок за составување на новата влада  

Во штабот на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје денеска ќе се одржи состанок на работните групи на ВМРО-ДПМНЕ и на коалицијата Вреди за формирање на новата влада. На денешниот прв состанок треба да се дефинираат динамиката и методологијата на работа и усогласување на програмата на идната влада.

Објавено на

часот

Сподели

Во тимот на ВМРО-ДПМНЕ се Александар Николовски, Владо Мисајловски, Гордана Димитриевска Кочовска и Тимчо Муцунски. Во тимот на коалицијата Вреди се Азир Алиу од Алијанса на Арбен Таравари, Висар Ганиу од Демократско движење, Аднан Азизи од Беса и Башким Муртези од Алтернатива.

Два дена по завршување на изборите, на првата средба на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски со лидерите на Вреди Арбен Таравари, Билал Касами, Изет Меџити и Африм Гаши во седиштето на албанската коалиција во скопската чаршија биле договорени општите начела на соработка за идната влада: евроинтеграции, забрзан економски развој, борба против криминалот и корупцијата и владеење на правото.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ