сабота, 27 јули 2024

Работник повреден на патот Штип-Кочани, повреден е и возачот што удрил во него

Две лица се повредени во несреќата што се случила утрово на експресниот пат Штип-Кочани на неколку километри од клучката кај местото викано Три Чешми.

Фото: Илустрација

Објавено на

часот

Сподели

Во сообраќајната несреќа тешко повреден е 42-годишниот работник И.К од Штип, кој ја косел тревата покрај коловозот на експресниот пат Штип-Кочани. Тој бил удрен од возило марка сеат леон управувано од 43-годишен возач С.М. од Пробиштип, по што со возилото се превртел.

Двајцата се пренесени во Клиничка болница-Штип.

Во тек е увид од страна на јавен обвинител, а експресниот пат што од Штип води кон Кочани е затворен за сообраќај.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ