„Сакаме Владата и банката доверител да го слушнат нашиот глас. Владата да ни го поврати ДДВ-то за август за да можеме да земеме плата и да бидеме здравствено осигурани“, рече Ѓорѓиев.
Се пропуштаат само итни случаи, а на местото е полицијата која го пренасочува сообраќајот.
Ѓорѓиев потсети дека веќе извесен период трае агонијата на вработените, неизвесноста, како што рече, околу иднината на гигантот, додека се чека нов инвеститор и додека не се знае што планираат странските газди на поранешно Фени.
„Немаме пари за храна, сметки, егзистенција, луѓе треба да одат на операции…“, изјавија револтираните работници.
Блокадата ќе трае денеска и утре од 12 до 15 часот, а доколку не се исполнат барањата, од понеделник ќе се радикализира и ќе се блокира патот Градско – Прилеп кај мотел Дреново.