сабота, 19 октомври 2024

Работници со блокада на Скопје ги побараа своите права и за 79, а не за 78, отсто повисоки плати

Објавено на

часот

Сподели

„Сите закони во државава можат да претрпат измена, освен законот со кој функционерите си ги покачија платите за 78 отсто. Тој закон е повеќе заштитен од што се мечките во Жировница. Денеска симболично кажуваме дека бараме, не 78 отсто, туку 79 отсто, со единствена цел, сакаме да испратиме порака дека работниците и граѓаните се многу побитни од Владата. Не може министрите и раководните лица секогаш да бидат над работникот“, рече Марјан Ристески, претседастел на КСОМ.

Здравствените работници изразија револт велејќи дека власта и надлежните институции немаат слух за нивните барања. „Бевме херои во времето на пандемијата од ковид-19, капа ни симнувавте, а сега тоа е заборавено, ги гледате само своите интереси и функционерски плати, покачени за 78 отсто“, им порачаа работниците на претставниците на власта.

Покрај бенифициран работен стаж и зголемување на инфективниот додаток, меѓу синдикалните барања беше нагласено дека мора да се трансформира од определено на неопределено време работниот статус на здравствените работници чиј број не е мал. Овие работници, како што беше речено, речиси и да немаат работнички права, имаат ниски примања, неизвесен работен статус, немаат годишен одмор ниту здравствена заштита.

Само во Скопје станува збор за  241 лице чиј статус е со определено работно време, додека во цела Македонија станува збор за 2.300 здравствени работници.

д

„Работиме за 18.200 денари, без здравствено и пензиско осигурување, без право на одмор, без право на боледување… Немам никакви права. Не се издржува. Имам дете. Што побрзо може да се направи со тие пари? Не стигнува за ништо. Кога беше ковид-пандемијата бевме ангажирани на КАРИЛ, ниту со платено дежурство, ниту со слободен ден“, рече Билјана Џонова.

На протестот беше изразен и револт поради партиските вработувања во здравството и плаќањето од државни средства на лица со несоодветно образование и неискуство во работата.

Независниот синдикат на полицијата со години бара колективен договор согласно состојбите во МВР, вели претседателот на Синдикатот, Гоце Делчев Тодев, бидејќи како што рече состојбата во МВР не е добра, како и дека полициските службеници не се безбедни. 

Делчев потенцираше дека протестните маршови кои ги одржа Независниот синдикат на полицијата во изминатите два месеци беа со барање за измени на Кривичниот законик со што, како што рече, ќе се обезбеди поголем кредибилитет на полицискиот службеник во извршување на работни задачи. 

Со свирежи и развиорени знамиња, синдикалците го кренаа гласот за нивните барања – измена на законот за работни односи, нов колективен договор и покачување на платите. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ