сабота, 27 јули 2024

Работници ќе го блокираат Еуроникел, ја бараат платата и стравуваат дека фабриката се продава

Синдикатот на Еуроникел Индустри најави блокада на фабриката в четврток, во пет часот и 35 минути, ако до среда до 15 часот нема позитивен одговор за исплата на плата, набавка на струја за печката и продолжување на производството. „Синдикалната организација е крајно незадоволна и загрижена. Ако не се исполнат нашите барања, ќе се блокира влезот на фабриката и никој нема да биде пуштен да влезе до решавање или одговор на прашањата кои се крајно загрижувачки“, вели претседателот на Синдикатот, Миле Ѓорѓиев.

Објавено на

часот

Сподели

Ѓорѓиев информира дека вчера на барање на раководството на Синдикалната организација се одржала средба со директорот и раководството на Еуроникел Индустри. На Синдикатот во врска со септемвриската плата  им било одговорено дека ќе се доисплати кога ќе има средства, но без одреден датум.

„Потоа се постави прашањето до каде е барањето на нов партнер. Овде одговорот беше дека во рок од 30 дена ќе се решело што и како понатаму, а нема одговор како ќе се преживеат тие 30 дена. За нас како Синдикат очигледно е дека сопственикот сака да ја продаде фабриката, само не може да се договори за цена со потенцијалниот инвеститор. Директорот ја демантираше оваа констатација и на прашањето дали има конкретна понуда за преземање на компанијата од заинтересиран инвеститор вели дека сè уште нема таква понуда – што значи дека сакаат да ја продадат фабриката“, соопшти Ѓорѓиев, додавајќи дека на средбата немало одговор на прашањето од каде ќе има пари за октомвриската плата, за струја за печката и за тековно одржување на фабриката.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ