сабота, 27 јули 2024

Работници ја блокираа Еуроникел индустри, ги бараат своите плати и печката да не се гаси

Вработени во Еуроникел индустри во Кавадарци денеска излегоа на протест пред влезот во фабриката за да ги побараат своите плати и да порачаат печката да не се гаси зашто тоа ќе биде крај за фабриката.

Објавено на

часот

Сподели

„Сакаме да го свртиме вниманието на раководството и на јавноста за нашите проблеми. Имаме сознанија дека даден е налог од раководството да се изгаси печката. Ако се изгаси печката, тоа според нас ќе значи крај на фабриката, бидејќи потоа, според нашите информации, ќе треба долго време и многу пари повторно да се стави фабриката во функција“, рече Миле Ѓорѓиев, претседател на синдикалната организација во фабриката. 

Незадоволните вработени добија поддршка од Синдикатот на индустрија, енергетика и рударство СИЕР. Претседателот на СИЕР, Игор Герасов нагласи дека фабриката е значаен економски субјект во државата. Тој подвлече дека како Синдикат нека да дозволат да застане оваа компанија, бидејќи, како што рече,  станува збор за еден од најголемите гиганти со околу 800 вработени и можеби уште толку надворешни соработници. 

Поддршка за вработените дадоа и транспортери што работат за фабриката. 

Протестот ќе продолжи и утре и задутре. Во петок ќе се одлучи, какви понатамошни чекори ќе се преземат од страна на синдикалната организација.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ