Шкупи кој важи за кандидат за шампионската титула се сопна на самиот старт, трите бода отидоа на контото на Работнички.
Романтичарите поведоа уште во првата минута со гол на Мазари. Потоа следуваа обиди на Шкупи да дојде до израмнување, но немаше друг гол во првиот дел.
Во 62. минута Дарко Илиевски постигна гол за Шкупи и го изедначи резултатот на 1-1.
Но, Работнички преку Мевљан Мурати од пенал во 82. минута го врати водството, а во самиот финиш погоди и Георг Стојановски за конечни 3-1.