сабота, 19 октомври 2024

Работнички се засили со напаѓач од Камерун

Македонскиот фудбалски прволигаш Работнички се пофали со ново засилување за позицијата централен напаѓач.

Објавено на

часот

Сподели

Нов член на „романтичарите“ е Нгу Абега Енианг. Станува збор за 20-годишен фудбалер кој потекнува од Камерун, а во Македонија доаѓа по настапите во естонскиот тим Паиде.

Енианг е по вокација централен напаѓач, но со својата брзина може да настапува и на крилните позиции од нападот. Освен за Паиде тој настапуваше една сезона за Турон од Узбекистан, а потекнува од екипата на Дестини во родниот Камерун.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ