сабота, 27 јули 2024

Работнички по речиси три години го победи МЗТ Скопје

Големото дерби меѓу МЗТ Скопје и Работнички кое овојпат принудно се играше во салата „Независна Македонија“ во Кисела Вода, им припадна на „центарци“ кои славеа со 95-91, прва победа над големиот ривал по точно две години и девет месеци.

Објавено на

часот

Сподели

Работнички конечно го победи МЗТ Скопје, црвено-белите беа подобар противник и сосема заслужено на крајот се радуваа на триумфот.

На стартот од последниот период Работнички ја имаше и најфисоката предност од 21 поен разлика, беше 82-61, но малку фалеше да направат од готово-вересија.

МЗТ Скопје имаше серија со која во самиот финиш дојде до минус пет, но „металците“ не успеаа во тој налет и да направат пресврт. Работнички се одбрани во клучните моменти и дојде до триумф од 95-91.

Најдобар во составот на Работнички беше Квентон Декоси со 23 поени и осум скокови, Стојан Ѓуроски реализираше 20 поени. Во тимот на МЗТ Скопје најефикасен беше Душан Танасковиќ со 26 поени.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ