сабота, 27 јули 2024

Работнички на мегдан на Ц. звезда, ама со кои играчи

Објавено на

часот

Сподели

За пофалување е идејата на управата на Работнички за достојно одбележување на јубилејот, за што е најавено и дека ќе има дополнителна славеничка програма, која ќе се случува пред и по натпреварот со белградските црвено-бели. Сепак, останува дилемата со кој состав ќе настапи повеќекратниот шампион ако се знае дека Работнички подолг период се соочува со финансиски проблеми.

Диме Тасовски, еден од најдобрите во досегашниот дел од шампионатот, веќе и официјално побара раскин на договорот со тимот од „Градски парк“ поради неколку неисплатени плати. Низ кошаркарските кулоари се зборува дека и други членови на Работнички размислуваат за заминување и веќе преговараат со други екипи поради неизвесноста дали некогашниот шампион ќе успее да обезбеди стабилен спонзорски тим за вториот дел од сезоната. Челниците на тимот од „Градски парк“ ќе треба дополнително да ги договорат и работите со Јане Петровски, кој кон средината на декември дојде да ја пополни празнината на плејмејкерската позиција по потешката повреда на Димитар Мираковски.

Истото се однесува и за странците, кои иако ги извршуваат работните обврски, сепак, будно ја следат разврската со консолидирањето на тимот, кој лошо ја почна сезонава и кој во моментов е петтопласиран со скор 7-7, но и со еден одземен бод. Единствено е познато дека во иднина дресот на Работнички нема да го носи Александар Калањ, кој, наводно, веќе се договорил со Куманово. Се зборува дека пред заминување е и Американецот Брендон Кол, кој веќе неколку дена не се појавува на тренинзите.

Дополнителни проблеми за тренерот Марјан Лазовски во пресрет на продолжението од сезоната е и повредата на Ефтим Богоев, кој неодамна ги оперираше препоните поради што допрва ќе почне само со лесни тренинзи. Кога ќе може да игра засега не може да се прецизира со стоотстотна сигурност.

Единствено позитивно за Лазовски деновиве е информацијата дека од вечерва на тренинг ќе го има новоангажираниот Немања Јелисијевиќ, кој првиот дел од сезоната го мина во таборот на Куманово.

И.К.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ