Серијата лоши резултати во домашното првенство по кои Работнички дојде на само еден бод над зоната за испаѓање, му пресудија на Илиевски.
„Милан Илиевски веќе не е шеф на стручниот штаб на ФК Работнички. По вчерашниот пораз (3-0) од Шкупи клубот постигна спогодбен раскин на договорот.
Клубот му се заблагодарува на Милан Илиевски за досегашната напорна работа и му посакува среќа во понатамошната кариера“, стои во соопштението на клубот од Дебар Маало.
Работнички во наредните денови ќе донесе одлука кој ќе биде наследникот на Илиевски.