сабота, 27 април 2024
Честитка по повод Светскиот ден на театарот

Работата и талентот на театарските уметници заслужува аплауз, рече министерката за култура

Оддавам признание на Факултетот за драмски уметности, но и на сите актери, драматурзи, режисери, сценаристи, театарски работници – вашата посветеност, талент и креативност го заслужуваат најголемиот аплауз, рече министерката Костадиновска-Стојчевска за Светскиот ден на театарот честитајќи го Светскиот ден на театарот.

Објавено на

часот

Сподели

„Театарот е непроценлив дел од нашето културно наследство и игра клучна улога во обликувањето на општеството.

Вашата сцена е моќна за да ги изразите нашите заеднички перспективи, да иницирате дијалог и да поттикнете емпатија. Вие знаете како умешно да ги оживеете приказните и преку својот јазик, драма и музика, имате способност да ги надминувате бариерите и да ги поврзувате луѓето.

Во време кога пред светот се надвиснати предизвици, театарот се покажа како светилник на надеж и издржливост. Духот на театарот никогаш нема да престане да живее и да создава.

Оддавам признание на Факултетот за драмски уметности, но и на сите актери, драматурзи, режисери, сценаристи, театарски работници – вашата посветеност, талент и креативност го заслужуваат најголемиот аплауз.

Додека го славиме театарот ги потврдуваме нашите заложби за зачувување и промовирање на ваквата уметничка форма. Министерството за култура постојано ги поддржува вашите активности. За 2024 година се издвоени 38 милиони денари за националните установи, 22 милиони денари за останатите корисници, како и осум милиони денари за драмски фестивали.

Ние знаеме како да го направиме театарот платформа за подигање на свеста за важните општествени и социјални прашања. Затоа сите ние како публика мораме да ја вкусиме магијата и да ја осетиме моќта на театарската сцена“, вели министерката во честитката.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ