среда, 30 октомври 2024

Путиновите „Ноќни волци“ тргнаа на рели до Берлин, некои со буквата „З“ на моторите

Објавено на

часот

Сподели

Некои учесници на релито носеа руски и советски знамиња, а некои на своите мотоцикли ја имаа напишано буквата „З“, што е симбол на „руската специјална воена операција“ во Украина. Собирот наречен „Патишта на победата“ го презеде слоганот на руската офанзива во Украина „Нема да ги заборавиме нашите“.

Според организаторите, на 1 мај моторџиите ќе поминат низ Волгоград, поранешен Сталинград, на Волга, каде во 1942-1943 г. се водеше крвава битка меѓу советските и силите на германските нацисти, што го сврте бранот на Втората светска војна во корист на СССР и сојузниците.

Патувањето ќе продолжи кон регионот на Доњецк, во Донбас, на истокот на Украина, каде што се водат жестоки борби и каде планираат да дистрибуираат хуманитарна помош на цивили и руски војници. „Жителите на Донбас и ние сме ист народ“, рече Артјом, 34-годишен работник, за АФП пред почетокот на релито.

Организаторите очекуваат да пристигнат во Берлин на 9 мај. Александар Залдастанов, кој се претставува како „пријател“ на рускиот претседател Владимир Путин, е под западни санкции поради неговата поддршка за руската анексија на Крим во 2014 година и нејзината офанзива во Украина.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ