петок, 13 декември 2024

Путин: Зеленски, во чии вени тече еврејска крв, стана и му ракоплескаше на нацист

Рускиот претседател Владимир Путин поранешниот претседател на долниот дом на канадскиот парламент Ентони Рота го нарече идиот за тоа што му аплаудираше на 98-годишниот Украинец кој се борал во Вафен СС единица во Втората светска војна. На поранешниот нацистички борец Јарослав Хунка му ракоплескаа канадските парламентарци, премиерот Џастин Трудо и украинскиот претседател Володимир Зеленски, со тврдење дека никој од нив ништо не знаел за неговото нацистичко минато.

Објавено на

часот

Сподели

Рота, по скандалот, поднесе оставка на функцијата, а Трудо се извини. Путин вчера на меѓународниот економски форум во Русија кажа дека Рота требало да знае за минатото на Хунка пред да го претстави како Украинец кој се борел против Русите во Втората светска војна.

„Ако претседателот на канадскиот парламент каже дека овој канадско-украински нацист се борел против Русите, не може да не е свесен за фактот дека се борел на страната на Хитлер, а не на страната на својата татковина Канада“, кажа Путин на дебатниот форум Валдај во руски Сочи.

„Ако не знае дека Хитлер и неговите злосторници во војната се бореле против Русија, тој е идиот. А ако знае дека тој човек се борел на страната на Хитлер и го нарекува канадски херој, тогаш е подлец“, кажа рускиот лидер.

„Одвратно е тоа што сите му ракоплескаа на овој нацист, особено претседателот на Украина во чии вени тече еврејска крв“, продолжи Путин. „И самиот претседател на Украина стана и му ракоплескаше на нацистот кој убивал Евреи. Нели е тоа знак за нацификацијата на Украина?“.

Русија како една од причините за инвазијата на Украина ја наведува „денацификацијата“ на соседната земја.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ