Путин, кој преку видеолинк зборуваше на економскиот форум на екссоветските републики кој се одржува во Киргистан, кажа дека е „невозможно да се отсече Русија од западната технологија и покрај санкциите“.
Рускиот претседател наведе дека „Русија има проблеми со транспортот и ланците за снабдување“, додавајќи дека „ќе продолжи да увезува замени за робата под санкции“, но дека „тоа сепак не е решение“.
„Оваа западна кражба на ресурсите нема добро да заврши“, истакна Путин, додавајќи дека „Русија е компетитивна и останува водечки извор на пченица“.
Кажа дека е важно Русија да се „откачи од банкарскиот систем СВИФТ (меѓународен систем за плаќање кој го користат илјадници финансиски институции“, и тоа „во соработка со партнерите од поранешниот Советски Сојуз“.
„Западните нации кои се обидуваат да ги казнат другите со економски санкции ја преценуваат својата сила“, кажа Путин. „Сè повеќе земји во светот сакаат и ќе водат независна политика“, истакна рускиот претседател.
„Ниеден „светски полицаец“ не може да го сопре овој природен глобален процес. Никој не е толку силен. Тие се соочуваат со предизвици во сопствените нации и се надевам дека сфаќаат дека оваа политика нема апсолутно никаква перспектива“, кажа Путин.
[video:https://youtu.be/rOJQG0uXtAs autoplay:0]