четврток, 24 октомври 2024

Путин, задоволен од напредокот на руските сили во Украина, денеска ѝ се обраќа на нацијата

Задоволен од напредокот на руските сили во Украина, претседателот на Русија Владимир Путин денеска држи говор пред нацијата, во кој, според медиумите, ќе ги спомене приоритетите на земјата, две недели пред претседателските избори на кои се очекува да победи.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Путин, се чини, е во подобра форма отколку пред една година, кога неговата војска беше изложена на понижувачко повлекување на југот и североистокот на Украина, по неуспешниот обид да го заземе Киев во пролетта 2022 година.

Оттогаш, украинската војска не успеа во својата контраофанзива започната во летото 2023 година и е во дефанзива, без муниција поради немање договор во Вашингтон, соочена со повеќебројните и подобро вооружени руски војници.

Путин претходно изјави дека во својот говор ќе ги спомене претседателските избори што ќе се одржат од 15 до 17 март, како и целите за најмалку следните шест години, колку што трае претседателскиот мандат во Русија.

Путин говори во конгресниот центар лоциран во близина на Црвениот плоштад во Москва.

Путин би можел да реагира на изјавата на својот француски колега Емануел Макрон, кој не ја исклучи можноста за испраќање западни војници во Украина, како и на повикот на проруските сепаратисти од Молдавија, кои во средата побараа заштита од Русија.

Во своите обраќања до нацијата, Владимир Путин традиционално говори за изминатата година и поставува нови стратегиски насоки, пред политичката и воената елита на неговата земја.

Говорот се одржува пред утрешниот погреб на неговиот главен противник Алексеј Навални, кој почина на 16 февруари во затвор под неразјаснети околности.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ