сабота, 27 јули 2024

Путин за соборениот авион: Украинците знаеја дека во него има украински затвореници

Рускиот претседател Владимир Путин ја обвини Украина за соборувањето на воениот авион во кој загинаа украински воени затвореници, пишува Политико.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Главната разузнавачка управа на украинските вооружени сили знаеше дека таму носиме воен персонал и знаејќи го тоа, го гаѓаа авионот“, рече вчера Путин, во својот прв говор по падот на авионот Иљушин Ил-76 во средата кај Белгород.

„Не знам дали тоа го направија намерно или по грешка“, рече Путин.

Тој тврди дека руската војска во него пронашла два проектила истрелани од територија под контрола на Украина кои го погодиле авионот.

„Најверојатно беа американски системи Патриот или европски, веројатно француски“, рече Путин.

Путин ги отфрли теориите за „пријателски оган“ за соборувањето на авионот. „Постојат пријателски или непријателски системи без разлика колку пати операторот ќе го притисне копчето, нашите системи за противвоздушна одбрана немаше да се активираат“, рече Путин.

„Жал ни е само за нашите пилоти“, додаде тој.

Рускиот истражен комитет извести за собирање посмртни останки и документи на паднатите украински војници. Само Русија има пристап до местото на несреќата.

Во четвртокот, украинскиот претседател Володимир Зеленски повика на меѓународна истрага за несреќата, а Киев рече дека не можат да потврдат дека авионот превезувал украински воени заробеници. Украинските медиуми прво објавија дека украинските вооружени сили го собориле авионот, но потоа ја повлекоа изјавата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ