среда, 29 мај 2024

Путин за атентатот на Фицо: Ова монструозно злосторство нема оправдување

Атентатот врз словачкиот премиер Роберт Фицо е „монструозно злосторство кое нема оправување“, порача денес рускиот претседател Владимир Путин.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Го познавам Роберт Фицо како храбар и силен човек. Искрено се надевам дека овие квалитети ќе му помогнат да ја преживее оваа тешка ситуација“, ѝ кажал Путин во телеграма на словачката претседателка Зузана Чапутова.

Путин му посакал на Фицо „брз и целосно заздравување“.

На Фицо беа испукани неколку куршуми во Хандлови, град североисточно од Братислава, по одржување на седница на владата. Полицијата веднаш го уапсила напаѓачот, а Фицо е префрлен во болница.

Бројни европски лидери изразија шок и го осудија нападот на словачкиот премиер со порака дека не смее да има насилство во европската политика.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ