Трансакциите во дигитална форма на руската национална валута ќе може да се вршат со помош на платформа чиј оператор ќе биде Банката на Русија, но нема да може да се користи за штедење и за добивање кредити.
Документот предвидува можност за пренос на правата на дигитална рубља, исто така преку тестамент, а оваа постапка ќе ја утврди Владата на Русија во договор со Банката на Русија.
Законот исто така им забранува на лицата што не се оператори или корисници на платформата за дигитални валути во рекламирањето да ја користат фразата „платформа за дигитална рубља“ и изведени зборови и изрази.
Покрај тоа, на наследниците им се дава можност да добијат дигитални рубли од сметката на починатиот за да го организираат неговиот погреб.
Доколку има дигитални рубли на сметката на починатиот, Централната банка ќе биде обврзана, по налог на нотарот, да му ги достави на наследникот за плаќање на соодветните трошоци.