недела, 20 октомври 2024

Путин воведе задолжителна заклетва за борците на Вагнер на лојалност на Русија

Објавено на

часот

Сподели

Тоа е пропишано со декрет кој го потпиша претседателот на Русија Владимир Путин, а на сила стапува веднаш.

Воведувањето задолжителна заклетва за борците на Вагнер и другите паравоени сили е потег кој има цел таквите групи да се стават под построга државна контрола, пишува Ројтерс.

Декретот, објавен на сајтот на Кремљ, пропишува дека секој кој работи во име на војската или ја поддржува „специјалната воена операција“ во Украина е обврзан да положи официјална заклетва на верност на Русија.

Се наведува дека тоа е чекор кон „создавање духовни и морални основи за одбрана на Русија“.

Понатаму се наведува дека оние кои ќе ја положат заклетвата ветуваат дека стриктно ќе ги следат наредбите на командантите и повисоките лидери.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ