петок, 26 јули 2024

Путин во посета на Кина, прва во странство по реизборот (ВИДЕО)

Претседателот на Русија Владимир Путин допатува во Пекинг во својата прва посета во странство од реизборот и стапувањето на должност, јавуваат руските медиуми.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

По слетувањето на рускиот лидер во Пекинг го дочека делегација кинески функционери и свечената гарда.

Официјалната посета ќе трае два дена и ќе се одвива во две етапи – денес Путин ќе престојува во Пекинг, а утре ќе го посети Харбин, административниот центар на провинцијата Хеилонгџанг.

Путин ќе се сретне со кинескиот претседател Си Џинпинг, а по разговорите на највисоко ниво двете страни ќе потпишат низа договори и документи.

Путин и Си во Пекинг ќе разговараат за Украина, Блискиот Исток, ситуацијата во Азија и кинеската иницијатива Појас и пат, соработката во рамки на Обединетите нации и БРИКС.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ