сабота, 27 јули 2024

Путин во новогодишното обраќање: Судбината на татковината го обединува нашиот народ

Во своето новогодишно обраќање до граѓаните, рускиот претседател Владимир Путин нагласи дека во 2023 година Русија ги бранела своите национални интереси, слобода и безбедност.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Во говорот кој траеше четири минути, Путин рече дека главната работа што го обединува неговиот народ е судбината на татковината и разбирањето на историската фаза низ која поминува земјата, пренесува Риа Новости.

„Се гордееме со вас, вие сте херои, ја чувствувате поддршката од целата нација“, им порача Путин на руските војници на фронтот.

Тој нагласи дека Русија никогаш нема да се повлече и дека нема сила што може да го подели рускиот народ и да го спречи развојот на земјата.

„Ние одлучуваме за судбината на Русија, ние сме едно големо семејство и ќе обезбедиме безбеден развој, заедно сме“, рече Путин, посакувајќи им сѐ најдобро на граѓаните и на семејствата.

Говорот на рускиот лидер први го видоа жителите на полуостровот Камчатка, кои веќе ја дочекаа Новата година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ