Украина претрпе нов масовен напад со ракети и дронови минатата ноќ, особено на главниот град Киев, во кој најмалку три лица се ранети, наведуваат властите.
Украинските сили на 6 август ненадејно упаднаа во пограничниот руски регион Курск, брзо заземајќи неколку десетици места.
Русија постојано го минимизира значењето на украинската операција која ја изненади Москва, но Путин сепак денес изјави дека е неопходно „да се позанимаваат со тие бандити кои влегоа на руска територија“.
Оцени дека војската на Украина „не ја постигна главната задача која си ја постави: сопирањето на руската офанзива на Донбас“, индустрискиот исток на Украина, каде и понатаму се водат најжестоките борби.
Според Путин, руските трупи сега напредуваат по неколку квадратни километри при секој напад, а не повеќе стотици метри како претходно.
„Помина многу време откако не сме доживеале такво темпо на офанзивата во Донбас“, се пофали рускиот лидер.